fbpx

Jaguar Land Rover го сели Discovery во Словачка

Jaguar Land Rover ќе го пресели производството на моделот Discovery од фабриката во Солихил, во Бирмингем, во Словачка

Ова е официјално објавено од страна на производителот на автомобили. Англиската фабрика ќе биде модернизирана и во иднина ќе произведува модели од новата генерација електрични автомобили на компанијата.

„Одлуката за преместување и потенцијалната загуба на работни места во Велика Британија е тешка, но е дел од нашата долгорочна стратегија за глобална трансформација на бизнисот”, се вели во соопштението на компанијата.

Discovery

Производството на Discovery во Словачка ќе започне на почетокот на 2019 година. Информациите за ваквата намера на производителот не е некоја новина – беше најавена уште во 2016 година. За таа цел и се гради нова фабрика во Словачка. Моделот се прави и во погоните на компанијата во Шансу, во Кина.

JLR има спогодба уште со Magna Steyr за производство на моделот Jaguar E-Pace и целосно електричниот I-Pace во Австрија. Одлуката за производство на електромоделите на компанијата во Солихил ги смирува донекаде тензиите од очекуваната загуба на работни места на Островот. Од компанијата ветуваат сериозни инвестиции во Англија и производство на следната Range Rover Evoque во Хејлуд, Северна Англија, каде се произведува сега и Discovery Sport.

„Сериозните инвестиции и технолошки надградба во Солихил за производство на следната генерација на топ-модели на Land Rover и обновување на фабриката во Хејлуд за идниот Evoque, е доказ дека остануваме поврзани истовремено со Обединетото Кралство, трансформацијата на компанијата и со нејзиниот раст“, се вели во пораката на производителот.

Од Jaguar Land Rover ветуваат електрификација на сите модели од 2020 година па натаму, но одбиваат да соопштат дали меѓу моделите на Range Rover ќе има целосно електрифицирана опција. Дел од SUV изданијата на компанијата веќе имаат хибридни верзии.

Discovery

Поврзани вести

Back to top button