fbpx

Jaguar подготвува електричен автомобил конкурент на Tesla Model 3

Британските медиуми пренесуваат дека еден од првите проекти на новиот шеф на Jaguar, Тиери Болор, ќе биде производство на електричен седан

Во плановите на Jaguar да стане целосно електрифициран бренд значително место зазема новата генерација на луксузниот седан XJ кој пристигнува следната година, како и SUV моделот J-Pace. Но, тука е и идниот компактен електричен модел кој ќе биде директна конкуренција на Tesla и Polestar.

Како што наведуваат британските медиуми, новиот извршен директор на Jaguar Land Rover Тиери Болор, има за цел да најде начин како брендот Jaguar да биде поуспешен. Според нив, замислата на Болор е Jaguar да стане целосно електрична компанија во иднина, a клуч на тој план е директен ривал на Model 3, односно модел налик Polestar 2.

Овој автомобил би служел како почетен модел во целосно електричната гама на Jaguar, улога која во моментов ја има I-Pace, иако наскоро ќе пристигне и целосно новиот XJ. Новиот електричен модел на Jaguar исто така би можел да биде и директен наследник на XE, чија продажба опадна во последната година.

„Мал електричен Jaguar би бил одлична работа, би требало да размислиме за тоа. Тоа е одличен простор во кој ние сакаме да се најдеме, а истото го посакуваат и нашите клиенти, поради што е екстремно релевантно во моментов“, изјави главниот инженер на компанијата Ник Роџерс.

Британската марка досега имаше успех со пласманот на електрични возила. Продажбата на I-Pace кој ја собра престижната награда Светски автомобил на годината за 2018 година, оди навистина добро. Но, во Jаguar се заинтересирани и за помали батериски возила кои би биле конкурентни на пазарот. Планот за електрификација на Jаguar ќе биде централизиран околу MLA платформата која британскиот бренд веќе ја поседува за електричните модели.

Поврзани вести

Back to top button