fbpx

Jaguar развива нов екстремeн супер модел

Компанијата Jaguar работи на нова и уште поекстремна верзија на свој модел, која ќе добие името Project 9 по аналогија на веќе презентираните Project 7 и Project 8

Ова е пред британските новинари го потенцираше раководителот на Одделот за операции за специјални возила – Џон Едвардс.

-Дефинитивно и официјално можам да кажам дека работиме на развојот на Project 9, но засега дури ние самите не знаеме што точно ќе излезе од овој автомобил, потенцира Едвардс, кој не сакаше да одговори на прашањето: дали новиот модел ќе биде набилдана верзија на некој од кросоверите E-Pace и F-Pace, или пак на XJ седан.

Пред само неколку дена, Британците претставија нова модификација на својот најбрз и најмоќен патнички автомобил – XE SV Project 8, со целосно заменета суспензија и нов систем за монтирање на моторот. Покрај тоа, машината исто така има модернизирани механизми за сопирање, реагирајќи побрзо на притисок на педалата. Jaguar XE SV Project 8 е опремен со 5.0-литарски V8 мотор од супер изведбата F-Type SVR. Неговата моќност е 575 КС, но за Project 8 се зголеми на 600 КС. Максималниот вртежен момент останува 700 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,3 секунди, а максималната брзина е 320 km/h.

Project 9
Jaguar XE SV Project 8

Поврзани вести

Back to top button