Jaguar со V8 мотор под хаубата на F-Pace
Jaguar ќе продолжи да ја проширува моделската гама на F-Pace, со додавање на врвен V8 агрегат во понудата
![F-Pace](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/11/Jaguar-1600-1-1-780x405.jpg)
Прототипи на овој автомобил веќе се тестираат на различни локации.
Најверојатно, новата модификација ќе го носи индексот SVR, користејки го V8 моторот од F-Type. Моќта ќе биде над 550 КС, а ќе се пренесува континуирано на сите четири тркала. Во прилог на помоќниот мотор, исто така ќе има подобрени сопирачки, поцврста и нова суспензија, како и можност за прилагодување на управувачот.
Новиот F-Pace SVR ќе биде директен конкурент на повеќето спортски SUV модели на пазарот – BMW X5 M, Porsche Cayenne и Macan Turbo.