Jannarelly Automotive пристигна на европскиот пазар

Новиот автомобилски бренд, Jannarelly Automotive, кој доаѓа од Обединетите Арапски Емирати, стана достапен во Белика Британија

Главни виновници за Jannarelly Automotive се Ентони Џанарели, дизајнер на автомобили кој работел за W Motors, Lykan и Fenyr Supersport и Федерик Жулио експерт за композитни материјали. Брендот- фокусиран на автомобилските емоции, на британските клиенти им го нуди најновиот модел на компанијата Design-1.

Jannarelly Automotive

Во понуда се три верзии на каросерија и тоа Roadster, Coupe и Aero, како и бројни опции за персонализација, а почетната цена на еден ваков автомобил е 86.000 фунти. Design-1 е спортски двосед инспириран од 1960-тите. Погонуван е со Nissan-ов 3.5-литарскиот V6 мотор, со моќност од 325 коњски сили. Поседува шестстепен мануелен менувач, а од 0 до 100 км на час забрзува за помалку од 4,0 секунди. Производството ќе биде ограничено на 499 примероци.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close