fbpx

Рејтингот на продаени возила согласно CO2 емисиите

Аналитичката агенција JATO Dynamics објави интересно рангирање за изминатата календарска година

Аналитичката агенција JATO Dynamics објави интересно рангирање за изминатата календарска година, во која подредува 50 најпродавани автомобилски брендови на пазарот во Европа врз основа на просечните вредности на CO2 емисиите кои ги емитираат нивните претставници.

Од JATO Dynamics го концепцирале рангирањето на 50-те најпродавани автомобилски брендови во четири главни групи- емисија на CO2 од 90 до 110 грама на километар, од 110 до 130, од 130 до 160 и над 160 g/km. Секако Tesla e неприкосновена со „нулта“ емисија на гасови. Во првата од горе наведените групи и втора по удел на пазарот со 22% учество влегуваат шест автомобилски марки, а со најдобар резултат е производителот на субкомпакти, Ѕmart со 90.3 грама CO2 на километар.

JATO Dynamics

Меѓу масовните производители, на прво место е Toyota со 101.2 грама на километар, а на минимална разлика по неа се подредуваат Peugeot (104,5 g) DS (105 g), Citroen (105.5 g) и Renault (106.6 g). Во втората група, реализацијата е еднаква на 73% од вкупниот пазар на нови автомобили во Европа, а влегуваат 22 марки. Со индикатори во границата од 130 до 160 грама CO2 на километар влегуваат уште 8 брендови.

Кај оние кои најмногу за загадуваат животната средина, со над 160 грама CO2 на километар, откриваме претежно производители на суперспортни и луксузни автомобили, но тука присуство забележува и Lada со резултат од 179.1 грама. На последната- 50-та, позиција е легендата Rolls-Royce со показател од 329.8 грама CO2 на километар, нешто малку над Lamborghini со 321 g.

Поврзани вести

Back to top button