Продолжува падот на дизелите во Европа

Според JATO Dynamics, надолниот тренд на побарувачката за дизел автомобили на сметка на бензинот продолжува и во текот на оваа година

На 18 од набљудуваните од агенцијата 27 европски маркети, пазарниот удел на дизелот се намали до 38%, во однос на оној за минатата година од 46%.

Аналитичката агенција JATO Dynamics објави податоци за продажбата на нови автомобили во Европа во првата четвртина на 2018 година и според нив по стабилните позитивни во првите два месеци, во март се забележува намалување од 5.2%. Сепак, вкупниот резултат за првите три месеци од годинава е најдобар од 2000-та, па наваму.

Според JATO Dynamics, надолниот тренд на побарувачката за дизел автомобили продолжува, а во исто време, бензинските автомобили уживаа зголемен интерес, при што нивниот удел се зголеми од 48% на 55%. Во исто време, алтернативните погонски модели сочинуваат 5,4% од вкупниот пазар (4,3% за првиот квартал во 2017 година).

JATO Dynamics

SUV изведбите продолжуваат да уживаат зголемен интерес, со 13,3% во март и 20% во првиот квартал. Со раст од 28,1%, овие возила моментално сочинуваат 33,5% од вкупниот пазар на нови автомобили во Европа. Со 191.505 единици, Volkswagen е најпродаван бренд во изминатиот месец, по што се подредуваат Ford со 136.167 единици и Renault со 127.647.

Golf продолжува да доминира во моделите во Европа, а продажбата во изминатиот месец достигна 54.060 единици. Во првите три влегуваат исто така Fiesta со 39.896 единици и Renault Clio со 37.612. Во Топ 10 се Nissan Qashqai, Volkswagen Polo, Peugeot 208, Ford Focus, Opel Corsa, Renault Captur и Fiat 500.

JATO Dynamics

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close