fbpx

Jeep Compass 4xe сега и на македонскиот пазар

Jeep Compass 4xe е plug-in хибридната верзија на успешниот и мошне популарен SUV, а сега истиот е достапен и за македонските купувачи

Plug-in хибридната варијанта на Jeep Compass, која го понесе суфиксот 4xe, пристигна во Македонија. Редакцијата на Авто Плус успеа да се запознае одблиску со популарниот SUV на Jeep кој неодамна доби свое освежување.

Еден од најпопуларните модели на Jeep во Европа мина низ фаза на освежување, а тоа со себе донесе неколку интересни новитети. Освен тоа што ќе се произведува во Италија, Jeep Compass доби и нов агрегат, а станува збор за 1,3-литарскиот турбо четирицилиндричен бензинец кој е достапен со две нивоа на моќност (130 и 150 КС). Но, со оглед на тоа дека во продажниот салон на Jeep во Македонија го забележавме plug-in хибридниот Compass 4xe, нашиот фокус ќе биде насочен токму кон него.

Станува збор за хибид кој го комбинира новиот веќе споменат 1,3-литарски бензински агрегат со електромотор, а во зависно од изборот, возачот на располагање има 190 или 240 КС и 270 Nm вртежен момент, со погон на сите четири тркала и автоматски шестстепен менувач.

Jeep Compass 4xe

Послабата варијанта со 190 КС од нула до „стотка“ стигнува за 7,9 секунди, додека на помоќната варијанта потребно и е време од 7,3 секунди. Максималната брзина кај верзијата со 190 КС е 183 километри на час, односно 200 километри на час кај верзијата со 240 КС. Според податоците, потрошувачката е исклучително економична и изнесува 2,1, односно 2,2 литри на 100 километри.

Кога станува збор за цените, зависно од моќноста и нивото на опременост, Jeep Compass 4xe чини од 41.000 евра, до 44.500 евра. За повеќе информации посетете го продажниот салон или посетете ја официјалната веб-страница. Конкретниот модел кој ние го забележавме беше во Limited ниво на опременост и 190 КС моќност.

Треба да се напомене дека новиот Jeep Compass 4xe наскоро ќе пристигне и во нашата редакција на тест возење, така што наскоро можете да очекувате и подетална анализа на овој SUV.

Поврзани вести

Back to top button