fbpx

Jeep ќе понуди конкурент на Dacia Duster?

Одличните перформанси на романскиот теренец Dacia Duster не им даваат мир на конкурентите

Еден од нив е и американскиот бренд Jeep, кој планира да понуди буџетски модел за да се бори за клиентите на Dacia Duster.

Моделот веќе се развива под кодно име „526“ и најверојатно ќе биде произведен во Индија. Токму на овој пазар се појави субкомпактниот и евтин кросовер Renault Kwid. Кој поради својот извонреден настап ги инспирира и другите производители да си ја пробаат среќата во сегментот.

Dacia Duster

Според податоци на изданието Automotive News, најевтиниот Jeep нема да се нуди во САД . Причините не се споменати, но најверојатно безбедносните стандарди во земјата. Kwid, на пример, не успеа да изврши независни тестови за несреќи што го спречија да влезе на некои пазари. Во Jeep сепак сметаат нивниот иден кросовер нема да биде со толку лоша опрема и сигурно ќе добие и систем за погон на четири тркала. Значи, тој нема да се бори за купувачите со Kwid, туку со Dacia Duster, кој во некои земји е достапен под брендот Renault.

Dacia Duster

Засега од компанијата не посочуваат конкретни рокови за излегувањето на новиот кросовер. Но тоа најверојатно ќе се случи по 2019 година. За тогаш е предвидена премиерата на новиот предводник на брендот – Wagoneer. Тој ќе биде изграден на платформата Ram 1500, со три реда на седишта. Покрај овие два модела Американците ќе предложат и хибридна верзија на новата генерација на Wrangler. Таа ќе се потпира на комбинација на бензински турбо агрегат со 4 цилиндри и електричен мотор. Речиси сигурно хибридниот Wrangler ќе излезе најрано на пазарот во средината на 2018 година.

Поврзани вести

Back to top button