Jeep ги елиминира дизел моторите во Европа, но ќе го чува V8

Иднината на моторите со внатрешно согорување делува прилично неизвесно, а компанијата Jeep сака да ги елиминира дизел агрегатите од својата понуда

Се поголем број на автомобилски производители, особено европски, поставуваат рок кога ќе ја електрифицираат целата своја постава, или пак, кога ќе станат бренд исклучиво за целосно електрични возила. Голем дел од компаниите исто така најавија и дека ќе престанат да продаваат нови возила со мотор на внатрешно согорување во блиска иднина, а новите регулативи предложени од Европската комисија се само уште еден чекор до целосно згаснување на конвенционалните автомобили. Последниот производител во низата кој се приклучува во елиминирањето на моторите со внатрешно согорување, во овој случај само делумно, е Jeep кој потврди дека дизел моторите ќе бидат елиминирани во Европа до 2030 година.

За време на неодамнешното интервју со медиуми во Австралија, извршниот директор на Jeep, Кристијан Мение потврди дека дизел моторите на брендот се пред елиминиација. „Сметам дека дизелот во Европа ќе исчезне, а Европа всушност беше коренот на дизел моторите. Како резултат на ова, јасно е дека продажбата на дизелот ќе опадне значително. Но, тоа не значи дека ќе престанеме да нудиме дизел мотори одеднаш. Не, мислам дека ќе имаме транзиција во периодот од сега до 2030 и ќе варира зависно од пазарите. Некои пазари ќе продолжат да имаат V8 мотори, некои ќе имаат шестцилиндрични мотори, а некои и понатаму ќе имаат дизел агрегати“.

V8 ќе биде заштитен, но електрификацијата е поважна

Разговарајќи за иднината на V8, Мение истакна дека е неизбежно дека овие мотори нема засекогаш да бидат тука, но засега, производителот се обидува да ги зачува што е можно подобро.

„На средни патеки јасно е дека сакаме да го заштитиме V8, како и високоперформансниот V8, колку што е можно подолго, особено на пазарите каде има побарувачка и пазарите каде што има смисла да го нудиме. Истовремено, јасно е дека електфикацијата ни дава можност да добиеме уште повеќе перформанси. Ги сакам V8 моторите, но ја сакам електрификацијата повеќе, бидејќи може да ми даде повеќе забрзување, повеќе моќност и поголем максимален вртежен мотор во подобар пакет, без да и наштетам на планетата. Мислам дека тоа е подобро решение на долги патеки“, истакна Мение за Car Advice.

Jeep

 

Поврзани вести

Back to top button