Jeep има за цел да биде „најзелениот“ SUV бренд до 2022 година

Целиот опсег на Jeep ќе биде хибриден или електричен до 2022 година, според глобалниот шеф на марката

Тоа е огромно тврдење, но Jeep е убеден дека може да стане „најзелениот SUV бренд во светот“ до 2022 година, со електрифицирање на сите модели низ своето портфолио. Ова го потврди Кристијан Меуниер, глобалниот претседател на Jeep.

Со оглед на тоа што марката во моментов е позната по V8 и V6 моторите, има прилично доста работа за да ја заработи ознаката „најзелена SUV марка“. Според Меуние, сите модели ќе добијат plug-in хибридна или батериско електрична технологија до 2022 година. Електричната поддршка очигледно ќе ги направи почисти но и по економични во поглед на горивната потрошувачка.

„Бевме навистина силен бренд, но веруваме дека идните Jeep модели ќе бидат најдобри досега. Во 2009 година продадовме 300.000 единици, а оваа бројка порасна на 1,5 милиони денес,“ изјави Меуниер. Тој верува дека електирификацијата на моделите ќе помогне да продолжи растот на продажбата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close