fbpx

Jeep лансира специјални верзии на своите модели за 80-годишнината

Jeep во знак на прославувањето на својата 80-годишнина одлучи да лансира специјална серија на моделите Wrangler, Compass и Renegade

Специјалните верзии на Renegade, Wrangler и Compass во знак на прославата на 80-тиот роденден на Jeep пристигнуваат наскоро, со тоа што Renegade е веќе достапен во продажните салони. Станува збор за специјални верзии кои прославуваат „осум децении авантури“. Почнувајќи од своите корени за време на Втората светска војна до своето место како 4х4 легенди, возилата на Jeep ги има речиси на секоја точка на планетата Земја.

Со ова, се продолжува традицијата воспоставена во 1966 година за претставување и производство на специјална едиција на модели со цел да се одбележат специјални годишнини и достигнувања.

Сите модели кои се дел од 80th Anniversary Edition пристигнуваат со специјални беџови кои го одбележуваат овој јубилеј, со карактеристични ознаки во ентериерот и екстериерот. Тука се и комеморативните црни Berber патосници со 80th Anniversary Edition лого, а секој модел од специјалната верзија ќе пристигне и со 8,4-инчен екран на допир, како и DAB радио и навигација со интеграција за паметни телефони и Uconnect услуги, Full LED пакет и нов Since 1941 инфозабавен систем.

Тука се и ниско сјајните Granite Crystal и Neutral Grey Metallic акценти, зависно од тоа за кој модел станува збор, додека кабините на овие специјални модели се опремени со премиум детали, вклучително и комеморативно лого извезно на предните седишта. Специјалните тркала од лесна легура го комплетираат изгледот на екстериерот.

Овие модели се базирани на најпродаваните варијанти и ќе пристигнат оваа пролет. Специјалните модели нудат стандардни безбедносни и технолошки карактеристики покрај естетските промени кои ги истакнуваат од останатите модели во опсегот на Jeep.

Jeep Wave

Компанијата исто така го претстави и својот специјален Jeep Wave програм кој ќе пристигне на главните европски маркети во следните месеци. Станува збор за програма која нуди ексклузивни услуги на Jeep сопствениците и специјални бенефиции со цел да се засили нивното чувство на припадност во заедницата на брендот ширум светот. Оваа програма ќе биде стандардна за сите нови Jeep возила купени во 2021 година, а главните бенефиции се однесуваат на првите три закажани сервиси на автомобилот, тригодишна асистенција на патиштата, пристап до посветени премиум услуги и друго.

Од Jeep исто така објавија и прв преглед на моделот Compass за 2021 година, кој исто така ќе добие своја 80th Anniversary Edition. Освежениот Compass ќепристигне со нов профил, притоа задржувајќи го модерниот и препознатлив изглед, а автомобилот наскоро ќе биде претставен на друг специјално посветен настан подоцна во текот на годинава.

Поврзани вести

Back to top button