НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Jeep подготвува 5 новитет до 2022

Sergio Marchionne откри детали за исклучително амбициозен среднорочен план за развој на брендот Jeep

Според очекувањата, производственото портфолио на легендарната марка ќе биде сериозно зголемено во наредните 4 години, односно Jeep ќе излезе на автомобилска сцена во сегменти во кои во моментов не присуствува, покривајќи го со тоа целиот пазарен опсег. Од актуелните шест модели, во 2022 година ќе нуди 11, вклучувајќи ги новите Wagoneer и Grand Wagoneer, целосно нов модел со три реда седишта, модифициран Grand Cherokee и други.

Планот на Маркионе предвидува исто така и импресивно зголемување на производствените капацитети на Jeep од актуелните четири фабрики во една држава до 10 фабрики во шест земји.

Извршниот директор на FCA, исто така, коментираше дека секој од моделите на брендот, исто така, ќе биде достапен во електрифицирана верзија. До 2022 година компанијата ќе понуди на пазарот 10 plug-in хибридни автомобили, како и 4 целосно електрични. До почетокот на 2022 година, Jeep ќе понуди автомобили со автономно управање од Ниво 3.

Jeep

Клучни зборови

Поврзани вести

Close