fbpx

Спротивно од очекувањата на Маркионе, продажбата на Jeep е намалена

Глобалната продажба на Jeep забележаа пад за 1% во 2017 година, или нешто помалку од 1,4 милиони примероци

Ваков тренд се очекува и натаму, а според аналитичарите брендот тешко дека ќе успее да ја постигне целта од два милиони продажби во 2018. Според доверливи документи на FCA, всушност точната бројка е 1.388.208 примероци, а во 2016 продажбата на Jeep била 1.401.321 возило.

Инаку, FCA не објавува официјални продажби за своите индивидуални брендови. Тоа е сосема спротивно од амбициите на големиот шеф на FCA Серџо Маркионе, кој се залага многу за Jeep да ја преземе улогата на главен играч на светскиот SUV пазар.

Jeep
Шефот на Jeep, Мајк Манли, изјави на салонот во Детроит дека минатата година продажбата била „непроменета”. Се верува дека намалувањето се должи на одлуката на Јеер да го намали пласманот на своите возила во флотните продажби, бидејки така се заработува многу малку. Намалувањето на овие понуди достигна 60%, а во САД продажбата на Jeep опадна од 926.376 (за 2016) до 828.522 примероци за минатата година.

Во Европа продажбата на Jeep сепак расте, но бавно, а Маркионе призна дека од FCA не се справиле особено добро со наметнувањето на брендот на Стариот континент. Во Азија, вклучувајки ја и Кина, продажбата на Jeep се зголемила за 36%, а се очекува растот да се задржи, бидејки брендот ќе го лансира само за во Кина, SUV остварувањето Grand Commander. Моделот ќе дебитира на салонот во Пекинг во април.

Jeep

Петгодишниот бизнис план на FCA (2014-2018) предвидуваше Jeep да постигне 1,9 милиони продажби во 2018 година, а подоцна Маркионе ја заокружи целта за продажба на 2 милиони. Манли во Детроит не сакаше да го коментира ова, но објасни дека намалувањето на флотните продажби ќе продолжи.

Подоцна Маркионе ја корегира изјавата и додаде дека „нема да биде трагедија ако Jeep не достигне 2 милиони продажба, но е многу важно брендот и FCA да ги исполнат своите финансиски цели.”

Поврзани вести

Back to top button