fbpx

Jeep Wrangler со деби во Европа оваа есен

Како што веќе објавија од американската компанија, оваа есен Јеер планира да ја лансира новата генерација Wrangler на европскиот пазар

За разлика од САД и Русија, на Стариот континент нема да се нуди најголемиот агрегат во гамата. Наместо тоа, како основен мотор за овој пазар се очекува да биде вграден 2.2-литарски дизел развиен од FIAT, кој располага со максимална моќност од 197 КС и вртежниот момент кој изнесува сериозни 450 Nm.

Постои и друг предлог, 2.0-литарски турбо бензински агрегат, чија моќност е 268 КС, а вртежниот момент е 400 Nm. Се разбира, индикацијата за потрошувачката на гориво е во корист на дизел моторот. Моделот го задржува дизајнот на својот претходник и доаѓа со подобрен 4×4 систем. Зад Океанот клиентите можат да порачуваат и класична бензинска верзија со 6-цилиндричен мотор и 285 коњски сили, кој работи со 8-степен автоматски менувач.

Европските потрошувачи ќе можат да избираат меѓу три нивоа на опрема Sport, Sahara и Rubicon, а ќе се нудат во верзии со 2 и 4 врати.

Поврзани вести

Back to top button