Јеер конечно го покажа новиот Wrangler
Компанијата American Jeep официјално ја претстави новата генерација на Wrangler
![Wrangler](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/11/Jeep-1600-1-780x405.jpg)
Светската премиера на моделот за публика ќе се одржи на автосалонот во Лос Анџелес, кој ќе започне кон крајот на ноември.
Како и се претпоставуваше, новата генерација на Wrangler (моделот за 2018 година) добила еволутивен дизајн. Јеер тврди дека аеродинамиката на автомобилот е значително подобрена, а исто така се потенцира дека новиот Wrangler ќе биде достапен во многу различни модификации на каросеријата.
Што се однесува до дизајнот очигледно е дека машината добила нова решетка на ладилникот и LED оптика. Далеку се поинакви браниците, како и поради одредени дизајнерски зафати поинаква е силуетата, како и задниот светлосен состав. Што се однесува до моторите на новите Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited, тие засега се чуваат во тајност. Според неофицијални информации, моделот ќе се нуди со два бензински агрегати – 2.0-литарски тубомотор со 4 цилиндри и 3,6-литарски атмосферски V6. Дизел верзијата ќе добие V6 мотор.