fbpx

Каде се продаваат дизелите од Германија?

Извозот на половни дизел автомобили од Германија за само една година се зголеми за 20,5%, или вкупно 239.541 автомобили

Ова станува јасно од анализа на одделот за логистика на Универзитетот Вирцбург-Швајнфурт, подготвен во соработка со Здружението на европскиот бизнис. Каде се пласираат овие дизел автомобили? Според статистиката, најголемо зголемување за минатата година, евидентира пазарот во Украина, со 136% увезени вакви возила, следен е оној во Хрватска (+ 89,6%), на трето место е Бугарија (+ 27,7%), пред Романија (+ 26,8%). Анализата е базирана на податоци од Сојузниот завод за статистика на Германија, известува Automobilwoche.

Во анализата се наведува дека по 2015 година, кога избувна скандалот со дизел мотори на Volkswagen, во Германија драстично опадна побарувачката на автомобили со такво гориво. Сега е тешко да ги продадете истите на домашниот пазар, што води кон намалување на цената. Затоа повеќето од нив се извезуваат во странство.

-Старите дизел автомобили се многу популарни во земјите на ЕУ, како што се Хрватска, Словенија, Бугарија и Романија, бидејќи нивните цени се пониски. Сепак, главниот пазар за нив сега е Украина, каде што нивната увозна давачка е само 7,3%, објасни професорот по логистика, Кристијан Киле.

Експертот додава дека во овие земји се извезуваат претежно автомобили чии мотори не ги исполнуваат еколошките стандарди, а за нив нема соодветни регулативи, додека поновите и соодветно поскапи дизел остварувања уживаат огромна популарност на пазарите во Шпанија, Австрија и Франција. Во исто време, во државите каде еколошките барања се високи, увозот на автомобили од Германија опаѓа, во Норвешка за 26,6%, во Швајцарија 18,7% и во Финска 9%.

Поврзани вести

Back to top button