fbpx

Викенд тарифа: Како е дизајниран McLaren P1

Дизајнирањето на автомобили e променлива уметност, а инспирацијата за McLaren P1 дошла директно од природата

Стриктните регулативи често го диктираат дизајнот на автомобилите. Но, дури и тогаш, голем дел од денешните автомобили го започнале својот живот како мастило на хартија. Тоа е вистина за автомобилскиот дизајнер Франк Стивенсон, кој можеби не е толку познат, но неговите креации со сигурност се – Maserati MC12, Fiat 500 и Ferrari F340 се само дел од нив. Тој исто така го дизајнираше и McLaren P1, кој е тема на видеото кое е во прилог.

Стивенсон вели дека често својата инспирација ја добива во природата, а тоа се покажува и со McLaren P1. Кога Стивенсон започнува нов проект, тој започнува со пенкало и хартија и го црта меѓуоскиното растојание пред да го пополни остатокот од дизајнот. За McLaren P1 тој сакал кабината да биде поставена понапред на шасијата за да се подобри прегледноста на возачот и го направи централниот дел на тркалата највисоката точка на предниот дел од автомобилот со цел да им помогне на возачите да маневрираат со суперавтомобилот.

Еден од највпечатливите карактеристики на P1 се задните светла, кои Стивенсон сакал да ги елиминира, но тоа не е практично за автомобил наменет за секојдневна употреба. Наместо тоа, тој ги интегрирал светлата во задните крила со цел да добие уникатен светлосен потпис. На крајот, тука се и предните светла кои го имитираат логото на McLaren.

Поврзани вести

Back to top button