fbpx

McLaren P1 добива електрифициран наследник во 2024 година

Британската компанија McLaren веќе работи на наследник на својот хиперавтомобил P1 кој ќе биде следниот модел во Ultimate Series едицијата

McLaren подготвува наследник на P1, а тоа го потврди и директорот на британската компанија Мајк Флуит кој истакна дека новиот модел може да се очекува во 2024 година и дека истиот ќе биде електрифициран.

„Секако дека гледаме нанапред, ќе има хибридизиран или електричен погон. Ми се допаѓаат електричните автомобили, имав шанса да ги возам во последно време. Имаат неверојатни перформанси, но постои одреден проблем кога станува збор за времето за полнење. Да го земеме на пример моделот 750LT за кој знаеме дека голем број наши клиенти го возат на патеките. Да стануваше збор за електричен автомобил, возачот би имал можеби триесетина минути за возење по што би морал да го полни за следниот ден. Тоа баш не е добра ситуација“, изјави Флуит.

Тој признава дека спецификациите на престојните електрични хиперавтомобили како Lotus Evia и Pininfarina Battista се неверојатни. McLaren веќе се фокусираше на хибридизација на својата понуда, па најпрво ќе се појави plug-in хибридниот наследник од Sport Series едицијата по што се очекуваат и другите модели. Магазинот Autocar пренесува дека следниот McLaren P1 ќе користи поделен хибриден систем, односно дека предните тркала ќе се напојуваат со електричен мотор, а задните со конвенционален бензински мотор или верзија на хибридизиран V6 мотор.

Флуит додаде дека предлогот на британската влада за укинување на новите бензински и дизелски мотори до 2035 година, а можеби и 2032 година претставува не баш пријатно изненадување. Тој додаде дека McLaren ќе им се приклучи на оние кои лобираат хибридите да не бидат цел на забрана.

Поврзани вести

Back to top button