fbpx

Викенд тарифа: Како настанал легендарниот дизајн на Maserati MC12

Прославениот автомобилски дизајнер Френк Стивенсон го сподели своето искуство при дизајнирањето на популарниот модел на Maserati, MC12

Френк Стивенсон во текот на својата дизајнерска кариера го ставил својот потпис на голем број автомобили кои имаат свое посебно место во историјата на италијанската автомобилска индустрија какo Ferrari Enzo и Maserati MC12, а токму моделот на Maserati најдобро помина во јавноста.

Во видеото кое е во прилог, Стивенсон раскажа како започнал со скицирање на автомобилот со обичен молив, а признава дека MC12 дели и некои детали со Ferrari Enzo, автомобил кој исто така е дело на Стивенсон. Имено, MC12 ја споделува шасијата и голем дел од механичките компоненти со Ferrari Enzo, но автомобилот на Maserati има поголеми димензии кога станува збор за должината, ширината и висината во однос на Enzo.

Maserati произведе само 62 примероци на МC12, а од нив 12 беа тркачки автомобили, додека останатите биле наменети за веќе стандардни купувачи на Maserati. MC12 ретко може да се пронајде на пазарот на користени автомобили, но оние ретки модели кои ќе се најдат обично чинат над 2 милиони долари.

Поврзани вести

Back to top button