fbpx

Караванот Freedom To Move пристигнува во Скопје

Специјално дизајнираниот Pop Up Showroom - мини салон на Volvo за прв пат во Македонија

Во периодот од 21.05.2019 од 12:00 часот до 23.05.2019 до 18:00 часот (вторник, среда и четврток) во Скопје пристигнува Freedom To Move караванот во организација на Volvo Cars.

За првпат во Македонија, Volvo ќе се претстави со специјално дизајниран Pop Up Showroom – мини салон кој ќе биде поставен на платото пред Skopje City Mall, во кој ќе биде изложен најпродаваниот модел во моментот: Volvo XC40. За посетителите и потенцијалните клиенти во текот на сите три дена ќе бидат достапни за тест возење сите модели на Volvo Cars кои се достапни на пазарот и тоа во сите изведби.

Во оваа прилика за прв пат ќе бидат претставени новите модели Volvo S60 и Volvo V60 CC, кои ќе бидат во продажба во нашата земја веќе од следната недела.

Сите посетители можат да закажат тест-возење на лице место, како и онлајн преку веб страницата: https://www.volvocars.com/mk/freedom-to-move.

Поврзани вести

Back to top button