fbpx

Таварес: Казните на ЕУ не туркаат во рацете на Кинезите!

Казните на ЕУ за компаниите кои не успеваат да се справат со построгите барања за нивото на јаглерод диоксид, кои ги испуштаат автомобилите, можат да ги „соборат на колена" европските производители, а тоа е шанса за никој друг, туку за Кинезите

Овој процес ќе им овозможи на кинеските производители на електрични возила да влезат молскавично на европскиот пазар, а „попатно“ да купат некоја компанија. Оваа мрачна прогноза ја цитираше за Automotive News, главниот извршен директор на PSA, Карлос Таварес.

– Последиците се многу јасни, рече Таварес. – Овие затегнати правила ќе создадат кинески тројански коњ во Европа.

Острите коментари на Таварес, колку и лицемерно да звучат, доаѓаат сред зголемените тензии меѓу Кина и САД, а произлезени од царините кои Доналд Трамп ќе ги воведе за азиските стоки и одговорот на комунистичкиот гигант.

– Ако еден европски производител на автомобили не успее да го постигне нивото на емисија на јаглерод диоксид и потоа се „стави на колена“ од големите парични казни, кои ќе го снајдат, тогаш тој нема да може да биде купен од друга европска компанија поради антитрустот, додаде Таварес.

– Ова ќе создаде можност за странски инвеститор да наметне тука технологија која ќе се цени високо од европските власти, што значи електрични возила. И кој е лидер во електрификација? Кина!

ЕУ бара од автомобилските производители да постигнат просек од 95 грама јаглерод диоксид на километар за својата палета модели, како тоа треба да се случи до 2021 година. Сега важечките правила одредуваат дека просечното ниво на CO2 треба да е 130 грама на километар.

Поврзани вести

Back to top button