fbpx

„Катанец“ за погоните во Британија?

Инвестициите во британската автомобилска индустрија се намалиле за половина поради загриженоста дека Брекзит може да влијае на производителите и да ги натера да ги затвораат своите фабрики, соопштува CNN Money

Здружението на автомобилските производители и трговци соопшти дека инвестициите во нови модели, опрема и инсталации во Велика Британија достигна 347 милиони фунти (460 милиони долари) во првото полугодие во однос на 647 милиони фунти (860 милиони долари) во истиот период 2017 година. Овој голем пад е резултат на стравувањата дека царинските проверки кои ќе следат по напуштањето на ЕУ од Британија, можат да ги забават испораките на авто делови, а тоа е закана за производството.

БританијаЕден од гигантите, BMW, кој ги произведува Mini моделите во близина на Оксфорд, предупреди дека доцнењето ќе доведе можеби и до затворање на фабриката, поради фактот што ќе биде доведена во прашање нејзината рентабилност.

 

-Секогаш сме сметале дека можеме да го дадеме најдоброто од себе и да подготвиме се како што треба, но ако на крајот доставувачот на синџир запре на границата, не можеме да произведуваме производи во Велика Британија, коментира менаџерот на BMW, Штефан Фрајсмут пред Financial Times .

Портпаролот на германската компанија ја поддржа неговата изјава, но додаде дека BMW останува посветен на производствените операции во Велика Британија, но ако „има негативни можни резултати од Брекзит и потенцијално влијание врз бизнисот, ќе мора да се преземат одредени чекори.

-Јасно е дека ако деловите не можат физички да стигнат до фабриката во очекуваното време, таа нема да работи беспрекорно и сигурно, како што посакуваме“, изјави претставник на баварскиот концерн.

Поврзани вести

Back to top button