Кросовер инвазијата на Kia продолжува со нов концепт
Кia најави нов концепт автомобил кој ќе биде прикажан наскоро. Машината е претставник на Корејците во SUV сегментот
Машината е претставник на Корејците во SUV сегментот, а интересно е дека дебито не е закажано за салонот во Женева или Чикаго, туку во Њу Делхи.
Нема детални информации, но SP Concept најверојатно ќе се претвори во сериски модел наменет само за индискиот пазар или барем такви се првите индикации. Изложбата во Њу Делхи е закажана за следната недела и го најавува дебито на брендот на овој пазар. За време на салонот KIA ќе ја покаже и богатата палета на модели, а доста од нив се планира да влезат во продажба во Индија наскоро по салонот. Кросовери, седани и еколошки автомобили се очекува да бидат на штандот во Њу Делхи. На 7 февруари ќе се одржи и премиера на концептниот кросовер, кога ќе станат јасни и детали околу неговото идно лансирање како сериски производ.