fbpx

Kia EV9 е Светски автомобил на годината

Електричните возила доминираа на World Car Awards, а покрај EV9, со награди се закитија и Ioniq 5 N, Toyota Prius, Volvo EX30 и BMW Серија 5

Светските автомобилски награди беа доделени на саемот за автомобили во Њујорк, а електричните возила доминираа на листата на победници. Најголемите почести заминаа кај Kia EV9, кој не само што ја освои титулата како светско електрично возило, туку и признанието за Светски автомобил на годината.

Адутот на корејската марка се натпреваруваше со BYD Seal / Atto 4 и Volvo EX30.

Претседателот и извршен директор на Kia, Хо Сунг Сонг, рече: „Овој триумф е доказ за нашата непоколеблива посветеност да ги поместиме границите на технологијата и дизајнот на совршеност. Постојаниот успех на Kia EV9 ќе нè поттикне да продолжиме да испорачуваме исклучителни возила кои го редефинираат возачко искуство за клиентите ширум светот.

Победите не застанаа тука за Hyundai Motor Group бидејќи Ioniq 5 N беше прогласен за Најдобар светски перформансен автомобил и тоа во конкуренција на BMW M2 и XM.

Како што е кажано, Ioniq 5 N е најжешкиот Hyundai досега бидејќи има систем за погон на сите тркала со двоен мотор кој произведува до 650 КС. Ова му овозможува на моделот да забрза до „стотка“ за 3,3 секунди, пред да постигне електронски ограничена максимална брзина од 261 км/ч.

Кога веќе станува збор за ЕВ, Volvo EX30 беше прогласен за Светски урбан автомобил откако заврши пред BYD Dolphin и Lexus LBX.

BMW i5 / Серија 5 ги победи Mercedes E-Класа и EQE SUV за наградата Светски луксузен автомобил.

На крајот, Toyota Prius ја освои наградата за светски автомобилски дизајн на годината победувајќи ги Ford Bronco и Ferrari Purosangue. Ова е доказ за смелиот нов изглед на автомобилот, кој е далеку поспортски и поелегантен од претходните повторувања.

Поврзани вести

Back to top button