fbpx

Kia ги покажа концептите EV3 и EV4 како дел од својата стратегија

Kia ги претстави концептите EV3 и EV4 кои ќе добијат своја продукциска верзија со што корејската марка ќе додаде подостапни електрични возила во својата постава

Kia претстави два нови електрични концепти на својот прв годишен EV Day. Концептите EV3 и EV4 ги најавуваат двата нови електрични модели кои ќе имаат пониски цени и за кои корејската марка се надева дека ќе ги лансира на пазарот уште следната година.

Проширената постава на електрични возила на корејскиот производител е дизајнирана да им обезбеди на потрошувачите низа помали ЕВ опции, со подостапна и поконкурентна цена. Компанијата има амбициозни планови да достигне еден милион продадени електрични возила до 2026 година, а очекува годишната продажба на ЕВ да надмине 1,6 милиони единици до 2030 година.

ЕВ стратегија

EV3 е компактен SUV кој ќе се најде под EV5 во поставата на корејскиот бренд. Од друга страна, EV4 е наведен како седан со четири врати, но има заден дел кој личи на купе следејќи го трендот во сегментот. И двата концепта посветуваат особено внимание на нивната внатрешност, при што природните материјали заземаат централно место во континуираната потрага на Kia за одржливост, во комбинација со процеси кои ги намалуваат емисиите на СО2.

Kia на својот EV Day се фокусираше и на стратегијата на компанијата за иднината. Тоа вклучува решавање на проблеми како што се инфраструктурата за полнење, правење на нивните искуства на клиентите попријатни за корисниците и обезбедување услуги за вештачка интелигенција (ВИ) во возилото.

Kia EV3

Kia го нарекува EV3 минијатурен EV9, и иако дизајнерскиот јазик е несомнено заеднички, концептот успева да задржи уникатен изглед. Од предната страна, тој успева да ги омекне поцврстите рабови што постојат кај неговиот поголем брат, додека во профилот компактните димензии не се намалени.

Страничниот поглед продолжува да ги спојува меките кривини и тврдите рабови кои станаа главен дел од дизајнерскиот пристап на Kia, надополнети со збир на тркала кои внимателно ги имитираат оние прикажани на EV9.

Во внатрешноста на концептот EV3, Kia зборува за кабина која промовира „емоционална благосостојба“. Како таква, добивате нежно амбиентално осветлување, ергономски седишта и чувство на минимализам.

Одржливоста ја игра главната улога во ентериерот. Седиштата се изработени од природни влакна, за кои се смета дека имаат исклучително силна структура, комбинирана со нула отпад во споредба со карбонски влакна. Во меѓувреме, централната конзола на концептот EV3 е создадена од корени на печурки (мицелиум) користејќи процес наречен био-фабрикување.

Kia EV4

Слично како Concept EV3, надворешниот изглед на EV4 концептот најверојатно ќе продолжи да се произведува со минимални промени во дизајнот.

Го следи истиот комплексен пристап кон површините како што е прикажан во електричниот опсег на Kia, но додава поелегантна силуета со ниска предница напред. Иако тврдењата на Kia дека концептот EV4 „ги редефинира електричните седани“ можеби се преамбициозни, нивната потврда дека профилот потсетува на спортски и тркачки автомобили е сосема на место.

Kia EV3 EV4

Внатрешноста на Concept EV4 ја следи патеката поставена од Concept EV3, вградувајќи нови материјали во неговата конструкција. Наместо корени од печурки, централната конзола на EV4 користи влакна од коноп – растение кое брзо расте и бара минимални ресурси за одгледување.

Другите делови од внатрешноста на Concept EV4 имаат 100 проценти рециклиран памук, природно обоен од растенија и лушпи од орев. Дизајнерите вградија и рачно ткаени ленти за да создадат 3D плетена завршница на просторот за складирање и контролната табла, слично на навлаките на седиштата кои се наоѓаат во EV3.

Конечно, Concept EV4 доаѓа со нова функција „Mind Modes“ која го прилагодува амбиенталното осветлување и шемите на вентилација. На пример, во режимот „Perform“, на возачот однапред му се даваат сите информации потребни за неговиот ден. Спротивно на тоа, режимот „Serenity“ нуди низа дигитални графики за да се создаде порелаксиран амбиент.

Продукциските верзии пристигнуваат наскоро

Kia потврди дека компактниот SUV EV3 ќе се појави некаде следната година како модел од 2024 година, додека од друга страна ќе мораме почекаме нешто повеќе за откривањето на продукциската верзија на EV4.

И EV3 и EV4 најверојатно ќе ја користат архитектурата E-GMP, што ќе им овозможи на кросоверот и седанот да ги користат опциите за батерии од 58 kWh и 77,4 kWh од поголемиот EV6.

Поврзани вести

Back to top button