Франкфурт 2019: Kia ги претстави plug-in хибридните Ceed SW и Xceed

Ceed Sportswagon и Xceed добиваат и plug-in хибридна верзија, со 139 коњски сили, 265 Nm и возен опсег од 60 километри

Kia лансираше нови plug-in хибридни верзии на моделите Ceed Sportswagon и Xceed, кои на пазарот ќе се појават во почетокот на 2020 година. Двата модели се напојуваат од 1,6 литарски бензински мотор во комбинација со електрична единица и 8.9 kWh литиум-полимерен батериски пакет.

Ваквиот агрегат обезбедува моќност од 139 коњски сили и вртежен момент од 265 Nm. Хибридниот погон ја испраќа моќноста до предните тркала преку шест-степен автоматски менувач со двојна спојка, овозможувајќи му на Ceed Sportswagon да забрза до 100 km/h за 10,8 секудни, односно 11 секунди кај Xceed.

И кај двата модели, компанијата цели кон возен опсег од 60 километри, со регенеративен систем за сопирање, вграден како стандарден. Емисиите на јаглерод диоксид, горивната потрошувачка и официјалното време за полнење сè уште ги чекаат хомологациските резултати, а објавени ќе бидат наскоро.

Ceed Sportswagon и Xceed

Plug-in хибридниот пар е опремен со стандардни 16-инчни алуминиумски фелни и редизајнирана предна решетка, за која Kia вели дека помага кон аеродинамичката ефикасност. Како дополнителен избор, Ceed Sportswagon може да биде опремен и со 17-инчни фелни, додека пак XCeed доаѓа и со 18-инчни.

Внатре, двата модели се со реконфигурирана верзија на 8,0-инчниот инфозабавен систем на Kia, кој нуди поддршка на Apple CarPlay, Android Auto и UVO телематскиот систем. Софтверот вклучува низа нови функции специфични за plug-in хибриден модел, како јавни станици за полнење и тарифи за домашно полнење, овозможувајќи им на сопствениците да ги искористат предностите на енергетските тарифи.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close