fbpx

Kia го покажа EV6 заедно со својата нова дизајнерска филозофија

Корејскиот производител ги објави првите фотографии од целосно електричниот EV6, првиот исклучиво електричен модел на Kia

Во 2007 година Kia го претстави новиот карактеристичен и корпоративен дизајн за своите автомобили кој се одликуваше со таканаречената Tiger Nose предна решетка, дело на Питер Шрејер, со кој се трансформираше дизајнот на целата постава на корејскиот производител. Сега, по повеќе од 13 години, производителот започнува со нова дизајнерска филозофија со своето ново лого и нов слоган. Првиот примерок кој ќе се одликува со новиот дизајн е новиот Kia EV6, првиот електричен автомобил на компанијата, чиј изглед е претставен со првите официјални фотографии во пресрет на дебито.

Kia EV6

Kia EV6 ќе ја доживее својата официјална премиера нешто подоцна овој месец, а додека техничките спецификации се уште се чуваат во тајност, овие фотографии го прикажуваат карактеристичниот дизајн на првиот исклучиво електричен модел на компанијата. Иако базиран на истата E-GMP платформа како и Ioniq 5, EV6 добива значително поинаков изглед.

Како што напоменавме, со новиот електричен модел на Kia ќе дебитира и новата дизајнерска филозофија наречена Opposites United која ќе ги краси сите идни модели на корејскиот производител. Оваа филозофија е базирана на пет клучни дизајнерски столбови – „Bold for Nature“, „Joy for Reason“, „Power to Progress“, „Technology for Life“ и „Tension and Serenity“.

Kia EV6

Наскоро и премиерата

На предниот дел на Kia EV6 се наоѓаат впечатливите фарови и LED дневни светла со што се формира „Digital Tiger Face“ предницата, дизајнерска прогресија која го евоцира „тигарскиот нос“ на Kia. Меѓу останатите карактеристики тука се и интересната линија која се протега по долниот дел на вратите и закосените C-столбови.

Ентериерот исто така е мошне различен од било кој друг актуелен Kia модел и вклучува закривен екран во кој се вградени целосно дигиталниот инструмент кластер и навигацискиот екран. EV6 исто така се одликува и со едноставен двокрак управувач, a контролата на клима уредот се одвива преку команди вградени во екран на допир со „хаптички фидбек“. Од Kia истакнуваат дека и седиштата во EV6 се направени користејќи рециклирана пластика.

Поврзани вести

Back to top button