fbpx

Kia го претстави концептот EV9

На Салонот за автомобили во Лос Анџелес, корејскиот производител Kia го претстави својот концепт наречен EV9

Новиот EV9 SUV концепт на Kia е најава за продукцискиот модел кој ќе биде поставен на E-GMP платформата и споделува доста сличности со Seven концептот кој беше претставен од Hyundai. Иако станува збор за концепт, треба да се очекува истата дизајнерска насока да биде применета и кај продукциската верзија.

Kia EV9

Kia Concept EV9 е уште еден важен маркер за нас во она што треба да претставува неверојатно патување од почетокот на годината. Со нашите јасни намери – да станеме глобален лидер со решенијата за одржлива мобилност – денес сме горди што можеме да го прикажеме нашиот целосно електричен SUV концепт кој го фузира напредниот погон со нулта емисии, врвен дизајн на екстериерот и современ и иновативен ентериер базиран на технологија“, изјави Карим Хабиб, потпретседател и шеф на Kia Global Design Center.

Технолошките спецфикации не се споделени, а EV9 му прикажува на светот каков може да биде идниот дизајн на Kia. Иако не се споменуваат детали за батериите, концептниот автомобил може да достигне опсег на движење од 482 километри. Исто така инкорпорира „ултра-брза полначка технологија од следната генерација“, што значи дека EV9 концептот може да се наполни од 10 до 80 проценти за 30 минути. Информациите за погонот се скромни, иако е познато дека E-GMP е дизајниран за заден и погон на сите четири тркала.

Kia EV9

Еволуција на препознатливиот дизајн

Концептниот автомобил е 4.930 милиметри долг, 2.055 широк, 1.790 висок и има меѓуоскино растојание од 3.100 милиметри. Дизајнот на екстериерот на EV9 се одликува со многу набори, а рамните страни имаат заоблени рабови. И предните и задните лакови над тркалата оставаат впечаток дека се испакнати надвор од каросеријата, усвојувајќи ги сопствените мускулести огради.

Kia EV9

Силуетата треба да претставува авантуристичка и рекреациска форма и ја најавува новата „Opposites United“ дизајнерска филозофија на Kia. Иако со своите пропорции и профил изгледа слично како Hyundai Seven, Kia има различен пристап кај својот голем SUV концепт доволно за да добие свој карактеристичен изглед. Сепак, се очекува доста работи да бидат „посмирени“ кога ќе влезе во производство.

Врвниот екстериер најдобро се истакнува кога ќе се погледне од напред. Она што корејскиот производител го нарекува Tiger Face сега е дигитализирано, со LED предни светла во боја на екстериерот, криејќи се зад предницата.

Kia EV9

На хаубата се наоѓа соларен панел кој овозможува рекуперација на дел од електричната енергија која EV9 ја користи. Соларниот панел може да им понуди на корисниците алтернативен извор на енергија ако возачот не е во близина на полначка станица, имплицирајќи дека EV9 потенцијално би можел да се полни во движење благодарение на сончевите зраци. Аеро ефикасноста е нагласена со отстранливите покривни шини кои можат да се подигнат или спуштат со допир на копче.

Различни „режими“ за ентериерот

Ентериерот на EV9 ги интегрира квалитетите на природатат, движењето и смиреноста како дел од овој „лаунџ“ од прва класа. Тоа значи дека во внатрешноста има панорамски покрив, 27-инчен ултра-широк екран и управувач со необична форма.

Kia EV9

При движење, EV9 концептот добива традиционална поставка за седење, односно сите три реда седишта се насочени кон напред. Но, кога е во мирување, Pause режимот овозможува првиот и третиот ред да се насочат еден кон друг, додека вториот ред седишта се трансформираат во масичка. Вториот фиксиран „режим“ е наречен Enjoy. Во овој режим, сите три реда се насочуваат кон задниот дел, задната врата се отвара, овозможувајќи им на патниците да се восхитуваат на надворешноста во амфитеатарен стил.

Фокусот на Kia кон одржливоста придонесе дизајнерскиот тим да повлече инспирација од „водениот елемент“, што значи дека боите на концептот се инспирирани од карактеристиките кои можат да се поврзат со спокојство, смиреност и благосостојба. Рециклираните рибни мрежи се користени за да помогнат во создавањето на подот на возилото, а ткаенината за седење е направена од рециклирани пластични шишиња и рециклирани волнени влакна. Исто така, во внатрешноста е искористена и веганска кожа.

Поврзани вести

Back to top button