Kia го претстави новиот CUV за Европа

Семејството Ceed доби дополнително проширување со новиот XCeed, наменет за европскиот пазар

Дизајниран како компактен кросовер базиран на хечбек, кој претставува дополнување на Ceed линијата, Kia го претстави новиот XCeed. Корејскиот CUV е ограничен на европскиот пазар, каде што ќе оди на продажба во третиот квартал од 2019 година.

Во споредба со Kia Ceed хечбек, XCeed е поширок за 26 mm и се држи повисоко од тлото за дополнителни 42 mm, додека пак багажниот простор е зголемен за 31 литар, со вкупен капацитет од 426 литри. Со должина од 2.650 mm, меѓуоскиното растојание на кросоверот останува идентично со останатите Ceed модели.

Ceed

Стилот на внатрешноста го следи тековниот дизајн на брендот, каде распоредот на кабината во најголем дел се пренесува од стандардниот Ceed. Присутни се материјали меки на допир, сатински хромиран трим и широк опсег на ткаенина, синтетичка кожа или тапациран материјал од вистинска кожа. Во централната конзола поставен е 8,0 инчен екран, кој може да доаѓа и во опционална 10,25 инчна варијанта. Уникатно кај XCeed е новиот жолт пакет, кој вклучува црн изглед надополнет со контрастна жолта боја.

Новиот корејски кросовер ќе биде лансиран со три бензински и два дизел мотори. Бензинскиот спектар ќе ги опфаќа 1,0 литарскиот три-цилиндарски со 118 коњски сили, 1,4 литарскиот четири-цилиндарски со 138 коњски сили и 1,6 литарскиот T-Gdi со 201 коњски сили, користен кај GT верзиите на Ceed и ProCeed. На листата на дизел агрегатите, достапен во две изведби е 1,6 литарскиот мотор, понуден со два излеза, 113 и 134 коњски сили.

Сите погонски конфигурации, освен основниот бензински, можат да се поврзат со шест-степен мануелен или седум-степен автоматски менувач со двојна спојка. На почетокот на следната година, семејството на мотори ќе биде комплетирано со 40V благи хибридни и plug-in хибридни опции.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close