Kia Imagine влегува во производство и ќе пристигне во 2021

Kia на Саемот во Женева го претстави својот стилски Imagine концепт, а сега од компанијата потврдуваат дека моделот влегува во продукциска фаза

Европскиот шеф за операции на корејската компанија потврди дека концептот Kia Imagine ќе стане возило со широко производство за една или две години, а ќе биде базиран на електричен погон. Нешто подоцна, Емилио Ерера истакна дека возилото ќе пристигне на пазарот во 2021. година.

Шефот на Kia за Европа не сакаше да открие повеќе податоци за продукциската верзија на автомобилот, но концептот Imagine е автомобил од Ц-сегментот кој беше откриен како комбинација на „мускулесто“ спортско возило, елегантен и спортски семеен автомобил, како и разновиден и простран кросовер. Концептот се одликуваше со впечатливиот дизајн со осветлена предна „тигарска маска“, што е новиот заштитен знак на Kia, како и необична шофершајбна која се протегаше од покривот надолу.

Смелиот стајлинг беше забележителен и во кабината, со оглед на тоа дека Imagine имаше четири седишта прекриени со кожа и свила, покриена централна конзола и 21-инчен екран со висока резолуција. Сепак, веќе е познато дека екранот воопшто нема да влезе во производствената фаза, бидејќи Kia претходно го опиша како хумористичен осврт на тековната конкуренциа меѓу некои производители на автомобили околу тоа кој ќе успее да произведе поголем екран во автомобилот.

Иако нема да видиме многу екрани во производствениот модел, посветената платформа треба да му овозможи на возилото да има пространа внатрешност исто како и во концептот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close