ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Kia изгради 420 коњски Stinger наменет за на патека

GT420 е единствен и издвоен помоќен Stinger, изработен во соработка со Техничкиот центар на Hyundai Motor Europe во Германија

Како стандард, Stinger GT S произведува 365 коњски сили од својот 3,3 литарски V6 мотор со двоен-турбо, но со нови свеќички, нов воздушен филтер, нов издувен Milltek систем и други мали измени, кај GT420 испорачаната моќност расте на цели 420 коњски сили. Вртежен момент исто така е пораснат, од 510 на 560 Nm.

Kia исто така додаде и поголем ладилник за преносникот, кај стандардниот осум-степен автоматски менувач и го репрограмира неговиот софтвер со цел да обезбеди побрзи промени на степените за пренос. GT420 добива и нови надоградените сопирачки, како и Eibach Pro спортски пружини.

Во меѓувреме, фелните OZ Racing Leggera, обложени со лепливите Pirelli Trofeo R пневматици, намалуваат по 5 килограми на секој агол. Заштедата на тежината продолжува внатре, каде GT420 доаѓа без задни седишта, воздушни перничиња, звучен систем и поголем дел од внатрешната обвивка. Моторниот капак, сензорите за паркирање, амортизерите за багажникот и хаубата и алуминиумската оплатата на задниот браник се отстранети, со што тежината се намалува за дополнителни 150 денари.

Со цел да биде еден и единствен, GT420 доаѓа со преден Stillen сплитер, заден дифузер и Air Design задно крило.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close