Kia објави нови цртежи од внатрешноста на Sorento

Без оглед на тоа што изгледот на новиот Sorento веќе некое време не е тајна, Kia продолжува со тизер кампањата и објави нови цртежи, овојпат од ентериерот

Раководителите на одделениот за односи со јавност во корејската компанија продолжуваат да ги објавуваат цртежите од ентериерот на идниот новитет, без разлика на тоа што веќе некое време кружат фотографиите од новиот модел на Kia Sorento. Покрај цртежите од надворешноста, од Kia објавија цртежи и од внатрешноста на новиот Sorento која доби целосно нов дизајн во кој ќе се најде 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 10,25-инчен екран од инфозабавниот систем, кои се поставени еден до друг.

Покрај сето тоа, новиот Sorento ќе поседува вертикални вентилациони отвори и автоматска трансмисија со ротационен сектор на режимот за пренос. Исто така, се забележува присуството на електромеханичка паркинг кочница и опција за вентилирани седишта.

Sorento

Позната е и понудата на агрегати на новиот Sorento

Но, тоа не е се. Блогот за корејски автомобили, The Korean Car Blog, ја објави и палетата на мотори за новиот Sorento која вклучува 2,5-литарски атмосферски бензинец кој може да се најде кај Hyundai Sonata, потоа 1,6-литарски турбо бензински агрегат, а кога станува збор за дизелите, во понудата ќе се најде и 2,2-литарскиот турбо дизел мотор.

Прелиминарните информации говорат за тоа дека бензинските агрегати ќе бидат споени со шестстепен автоматски менувач, но дека ќе постои опција и за рачен менувач. Наспроти тоа, дизел варијантата ќе користи исклучиво осумстепена автоматска трансмисија со двојна спојка. Погонот ќе биде на предните тркала, но на одредени варијанти ќе биде овозможено во одредени кратки интервали да се вклучува и задниот погон за одржување на стабилноста и подобрување на тракцијата.

Исто така се очекува и електрифицирана верзија на Sorento, од која исто така денеска беа објавени цртежи, доаѓа под името MQ4_HEV, што веројатно означува хибрид, и ќе пристигне со комбинација на 1,6-литарски турбо бензински мотор во верзија со погон на две и сите четири тркала со шестстепен автоматски менувач. Треба да се напомене дека сите овие детали за моторите се однесуваат за корејскиот пазар, така што асортиманот на мотори за новиот Sorento ќе варира зависно од пазарот.

Официјалната премиера на новиот Sorento ќе се одржи кон почетокот на следниот месец на саемот за автомобили во Женева.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close