ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Kia ProCeed стана Shooting Brake со 5 врати

Корејскиот производител Kia го претстави својот нов модел ProCeed

Официјалната премиера на моделот во стил на Shooting Brake со 5 врати ќе се одржи на автосалонот во Париз во октомври, а во неговата основа е истоимениот концепт од 2017 година. Новиот Kia ProCeed е резултат од заедничката работа на германскиот дизајнерски центар на брендот и единиците одговорни за најновите производи на брендот.

Автомобилот се одликува со позаоблена линија на покривот, која непречено поминува во задната врата.

Задниот дел е сосема поинаков од оној на хечбекот кој видовме претходно оваа година. ProCeed е изграден на платформата K2 со посебни поставувања на суспензијата и тврди пружини. Растојанието помеѓу двете оски е ист како и кај останатите верзии на моделот и достигнува 2650 mm. Во исто време возилото е за 5 mm подолг и со 43 mm понизок од основниот. Клиренсот е намален за 5 мм , а волуменот на багажникот е 594 литри, што е за 31 литат помалку од Kia Ceed SW.

Shooting Brake

Палетата на мотори на новиот модел се состои од 4 единици. Најмалиот е 1.0 литарски турбо, развива 120 КС и 172 Nm, а над него се наоѓа 1.4 литарскиот T-GDi со 140 КС и 240 Nm. Следува 1.6 литарски дизел со 136 КС и 280 Nm. Топ-верзијата GT добива 1.6 литарски турбомотор, кој развива моќност од 204 КС и 265 Nm вртежен момент.

Во опремата на Kia ProCeed влегуваат информациско-забавен систем со 7- или 8-инчен екран на допир, премиум-аудио JBL, функцијата за пристап без клуч, автоматско отворање на багажникот, систем за избор на режим на движење, загревање на ветробранското стакло, Wireless полнач за телефони и загревање на сите седишта.

Освен тоа автомобилот има систем за следење на лентата при движење, кој работи при брзина од 0 до 180 km/h, адаптивен круз-контрол, асистент за паркирање, системот за спречување фронтален удар со функција за препознавање на пешаци и систем за електронска контрола на стабилноста.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close