fbpx

Kia со прва скица за X-Ceed

Kia ја објави првата скица на целосно новиот кросовер базиран на моделот Ceed, кој ќе се приклучи на портфолиото на брендот подоцна оваа година.

„Има друг стил, друг тип автомобили кој ние силно чувствуваме дека заслужува да биде член на семејството Ceed“, коментира Грегори Гијом, потпретседател на дизајн одделот на Kia во Европа, за новата верзија на Ceed. Името на автомобилот се уште не е официјално, но се очекува дека ќе биде X-Ceed. Истото ќе се официјализира подоцна во текот на годината.

„Тој ќе одигра главна улога, што е потребна за палетата на Ceed да стане уште посилна и уште повозбудлива, попривлечна за европските потрошувачи. Неговиот дизајн ќе биде нешто што не сте виделе во семејството на Ceed досега. Тоа ќе биде следното големо изненадување на Kia“, додава Гијом.

Поврзани вести

Back to top button