fbpx

Kia со уште еден модел кој Европа нема да го види

Новиот SUV Seltos нема да се продава на Стариот континент, а тоа го потврди и директорот на Kia Motors Европа, Емилио Ерера

Откако беше откриено дека новата Kia Optima нема да пристигне во европските продажни салони, корејскиот производител потврди дека истата судбина е предвидена и за SUV Seltos, кој светската премиера ја имаше минатото лето. Kia нема да ја пласира новата Optima, односно K5 во Европа, одлука која би можела да се промени во иднина, но е малку веројатно поради далеку поголемата популарност на SUV и кросовер моделите. Сепак, ниту Seltos нема да се најде на продажба на стариот континент, и покрај тоа што станува збор за SUV.

Kia

Според зборовите на Емилио Ерера, Seltos уште на стартот не бил замислен како возило кое ќе се најде во понудата за европските купувачи.

„Seltos не е развиен за Европа“, изјави Ерера, потсетувајќи дека Kia на европскиот пазар веќе ги продава SUV моделите Stonic и Sportage, како и Sorento, а од неодамна и кросоверот Xceed, што значи дека Seltos, кој во гамата е сместен помеѓу Soul и Sportage, покрај овие модели би бил непотребен.

Seltos се произведува во Јужна Кореа и Индија, а ќе се продава на голем број светски пазари, вклучително и Соединетите Американски Држави, каде ќе биде достапен во две погонски верзии, a конкуренција ќе му бидат модели како Nissan Rogue Sport, Jeep Compass и Ford EcoSport.

Послабиот, 2,0-литарскиот атмосферски бензинец произведува 150 КС, додека 1,6-литарскиот турбополнет агрегат испорачува 177 КС. Американците овој SUV ќе можат да го купат по почетна цена која изнесува нешто помалку од 22.000 долари.

Пристигнува и електрична верзија на Seltos

Kia исто така планира во текот на 2020. година да понуди и електрична верзија на Seltos. Стартот на производството на Seltos EV е планиран за август, но на почетокот овој новитет ќе биде достапен само во Јужна Кореа. Поради тоа во 2020. ќе бидат произведени помалку од 10.000 примероци на Seltos EV.

Seltos EV се води под кодната ознака SP2 EV и според тоа како што стојат работите во моментов, ќе има електромотор со 150 kW/204 КС, батерија од 64 kWh и автономија од околу 400 километри.

Поврзани вести

Back to top button