Kia Soul EV добива поголема батерија

Електричната верзија на Kia Soul добива батерија со поголем капацитет и одредени модификации за моделот за 2018 година, соопштија од корејскиот бренд

Досега, електричниот автомобил беше достапен со 27 kWh батерија, сега ќе биде 30 kWh. Новата батерија нема да биде поголема во димензии. Автономијата со едно полнење на Soul EV се зголемува од 150 на 178 километри, благодарение на новата батерија, а со тоа моделот, кој е на пазарот веќе 4 години добива можност да им конкурира на поновите електрични изданија.

Во САД, Kia проценува дека благодарение на Soul EV, сопственикот на електричниот автомобил ќе заштеди 4.000 долари за бензин во рок од 5 години. Во Европа, таков профил би бил уште поимпресивен, со оглед на разликата во цените на горивото на двете страни на Атлантикот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close