fbpx

Kia спектакуларно го претстави својот нов идентитет

Наместо со „обично“ прес-соопштение, Kia го искористи небото над Инчеон, Јужна Кореа за да го претстави својот нов корпоративен идентитет

Она што беше највено пред неколку дена, сега е и официјално. Kia има ново лого и нов слоган, со што јужнокорејскиот производител го менува својот корпоративен идентитет. Но, начинот на кој го претстави сето тоа ја прави целата ситуација уште поспектакуларна. Имено, Kia наместо со обично соопштение, одлучи да го искористи небото над Инчеон, Јужна Кореа и со рекордна количина на пиротехника го испиша своето ново лого меѓу ѕвездите.

Според Kia, новото лого ја претставува „симетријата“, „ритамот“ и „подигнувачките“ елементи, како и амбицијата на производителот да го заземе лидерското место во иднината на автомобилската индустрија, со притискање на хипотетичко „ресет копче“ и себе реосмислување, со нагласок на лансирањето на новите електрични возила и претставувањето на мобилните сервиси, меѓу останатото.

„Новото лого на Kia ја претставува посветеноста на компанијата да стане икона за промени и иновации“, изјави претседателот и извршен директор на брендот, Хо Сунг Сонг.

„Автомобилската индустрија се соочува со период на рапидна трансформација, а Kia проактивно се оформува и адаптира на овие промени. Нашето лого ја претставува нашата желба да ги инспирираме купувачите како што еволуира нивната потреба за мобилност, а за нашите вработени да се издигнат кон предизвиците со кои се соочуваме во индустријата која се менува брзо“, додаде тој.

Покрај тоа што во фокусот беше ставено новото лoго, кое прв пат беше прикажано во 2019 година на Салонот во Женева со Imagine концептот, Kia исто така го претстави и новиот слоган на брендот – „Movement that Inspires“, кој го заменува досегашниот „The Power to Surprise“.

Откако новото лого и слоган, а со тоа и новиот идентитет станаа официјални, Kia ќе ја претстави својата нова стратегија следната недела.

Поврзани вести

Back to top button