НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Kia сега и со трета генерација на кросоверот Soul

Редизајнираниот Soul овој пат и во чисто електрично изадание во 2020 година

Досега веќе неколку пати овој модел беше уловен при разни тестирања на прототипната верзија. Секако, од шпиунските фотки на маскираниот изглед и неможе нешто многу да се забележи што се однесува до надворешниот и внатрешниот изглед, но некои од деталите како и карактеристиките за овој модел ни се веќе познати.

Интериерот ќе биде малку попростран како и поудобен, ќе се карактеризира со поквалитетни материјали кои се поудобни на допир, а секако тука се и пијано-црните завршетоци кои преовладуваат и допринесуваат за одличниот амбиент. Мултифункционалниот екран осетлив на допир се наоѓа под централните вентилациски отвори, а со пределот над контролната табла се издигнува и новиот Head-Up дисплеј.

Коцкастиот изглед кој беше карактеристичен за претходните генерации, без размислување е пренесен и кај оваа.

 

soul

 

Нагласени се заострените линии по каросеријата со кои новиот Soul се разликува од неговите претходници. Линијата на покривот останува непроменета, додека пак предните фарови се прилагодени така што се добива можност за подесување на одделни светилки, како тие за трепкачите така и LED дневните светла кои се протегаат над предната решетка. Позицијата на средните светла претставува интересна промена во предниот дел на возилото, а нивната поставеност е во средниот предел на браникот каде претходно се наоѓаа светлата за магла.

Електричната верзија на новиот Soul ќе биде со уникатен спортски стил во предниот дел, додека пак спортската турбо варијанта ќе доаѓа со мрежеста предна решетка како и централно поставени издувни отвори во задниот дел.

Се очекува новата генерација на Soul да се базира на B-SUV платформата која ја користи и Hyundai, што би било добро во поглед на торзионата крутост, управувањето како и квалитетот на возењето. Подобрувањето на овој модел исто така се постигнува и преку структуралниот дел на возилото, односно со користење на топло-печен напреден челик кој се карактеризира со висока цврстина.

soul

Систем со погон на сите четири тркала ќе биде достапен кај оваа генерација.

Агрегатот ќе биде изведен преку четири-цилиндарски единици, во 1,6 и 2,0 литарски изведби. Погонот со 1,6 литарскиот мотор ќе биде опремен со турбополнач, при што ќе испорачува моќност од околу 200 коњски сили, а проследен ќе биде со седум-степен автоматски менувач.

Електричната верзија е опремена со литиум-јонско батериско уредување со капацитет од 64 kWh, кој му дозволува на новиот Soul да патува околу 480 километри до наредно полнење.
Овој модел се наоѓа во сеуште растечки сегмент, каде тој ќе претставува добра конкуренција на веќе добро познатите Toyota C-HR, Mazda CX-3, Honda HR-V и други.

Според некои од извештаите на Kia, се претпоставува дека новиот Soul ќе дебитира на авто-шоуто во Las Angeles кон крајот на наредниот месец, додека пакнеговата продажба се очекува да започне кон средината на наредната година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close