fbpx

Ким Кардашијан заработи 65.120 долари на својот Range Rover 

Долго време не е тајна дека нешто штом допре Ким Кардашијан, станува злато. Тоа се случи и при продажбата на нејзиниот автомобил?!

Неодамна американската ѕвезда одлучила да го продаде својот Range Rover. Таа се „ослободила“ од него страшно брзо и со прилично добар профит. Ким Кардашијан својот Range Rover V8 го продаде за само 10 часа. Поточно поминало толку време откако сопругата на продуцентот и рапер, Кание Вест, пушти објава за неговата продажба.

kimКим тврди дека го купила својот SUV за 85.880 долари, но го продала со мошне висок профит. Од дилерот Rosso Corsa во Лагуна Хилс во Калифорнија, соопштија дека новиот сопственик платил 151.000 долари за автомобилот. Возилото имало поминато нешто над 57.000 km.

 

Поврзани вести

Back to top button