fbpx

Кина планира да реализира еден милион продажби на еко-автомобили

Кина имаше зад себе рекордна 2017 година во однос на продажбата на електрични и plug-in хибриди на локалниот пазар - 770.000 парчиња

Во споредба со 2016 растот е 53,3%, а овие еколошки возила заземаат 2,7% од целиот пазар за минатата година.

Пазарот на електрични и plug-in хибриди во Кина се развива со забрзано темпо, пред се благодарение на политиката на властите за стимулирање на еколошките возила, за да може комунистичкиот гигант да се бори со загадувањето на воздухот во големите градови и индустриските провинции. Следната цел е годишната продажба на овие модели ќе достигне еден милион единици.

Аналитичарите истакнуваат дека ова е навистина остварливо, бидејки продажбата на електрични возила, како за фирми, така и за корпоративни клиенти има огромен неискористен потенцијал. Ова особено важи за патничките модели на сите компании кои се на пазарот.
Кина

Во минатата година во Кина се продадени 468.000 електрични и 111.000 plug-in хибриди.

Ова се патнички возила, а бројката од 770.000 се дополнува со лесни електрични и хибридни комерцијални возила, каде се очекува во иднина токму тука да е следниот голем раст во продажбата. Најпродаван еко-автомобил во Кина минатата година е BAIC EC со рекордни 13.169 продажби за декември и вкупно 78.079 за целата 2017.

Поврзани вести

Back to top button