fbpx

Кинезите стануваат акционер број еден во Daimler?

Кинескиот автомобилски гигант Geely планира да купи сериозен пакет акции во Daimler и да стане најголем акционер во германскиот концерн, објави весникот Bild am Sonntag, цитирајки свои извори блиски до оние кои ја подготвуваат зделката

Интересот за дел од капиталот на германскиот гигант од страна на Кинезите стана сериозен на крајот кон минатата година, кога во ноември 2017, Geely сакаше да купи акции во вредност од 5% на Daimler.

Тогаш кинеската компанија упати директна понуда кон Daimler за вклучување и размена на уште пакет акции меѓу двете компании и можност за заеднички развој и соработка на повеќе полиња, но беше директно одбиена, а од Daimler коментираа дека Geely може да се испроба на берзата, штом сака да е акционер во германската компанија.

Daimler

Но, во моментов работите добија други димензии, откако Германците заклучија дека Кинезите се навистина повеќе од сериозни. Geely ги поседува Volvo и Lotus во Европа, а Кинезите имаат повеќе од сериозен интерес за технологијата за креирање на батерии за електрични возила, развивани од Daimler.

Двете компании веќе преговараат и за формирање на компанија со заедничко вложување за производство на автомобили во Вухан, во Кина, а идејата е таму главно да се произведуваат електрични возила.

Daimler
Daimler е сопственик на брендот Mercedes, како и други компании во автомобилската индустрија. Во моментов најголемиот акционер во Daimler е државниот инвестициски фонд на Кувајт – Kuwait Investment Authority, со удел од 6,8 проценти, следен од американската инвестициона корпорација BlackRock со 6%.

Поврзани вести

Back to top button