fbpx

„Кинезите“ ќе ја нокаутираат европската автомобилска индустрија

Кинеската автомобилска индустрија зема огромен замав во изминатите неколку години, а во блиска иднина сето тоа би требало да резултира со вистински бум во Европа

Иако Кина на овие простори често се гледа со доза на скепса и потценување кога станува збор за производите кои потекнуваат од најнаселената земја на светот, без оглед на тоа за која индустрија станува збор, сепак работите се менуваат во последно време и тоа е неоспорен факт. Се чини дека тој бран на „освестување“ ја зафаќа и автомобилската индустрија. Кинезите учат, вложуваат и напредуваат со огромни чекори, а дел од тие резултати се забележливи и сега.

Без оглед дали станува за автентичен, домашен производ, заеднички потфат со некој европски производител, или едноставно европска компанија која своите автомобили ги произведува во Кина, автомобилите од оваа земја го освојуваат светскиот пазар.

Бројот на автомобили кои се составени во Кина, а потоа испратени кон купувачите на европскиот пазар во овој момент се проценува на бројка од околу 50.000. Но, проценките велат дека таа цифра ќе се зголеми десетпати веќе во 2025 одина, а најинтересно од се е што овие прогнози се направени пред се во производно-продажните планови на европските марки.

Тука не станува збор само за автентички кинески брендови, туку модели на европски марки кои се произведуваат во Кина, а потоа се испорачуваат на Стариот континент. Најсвеж пример за тоа е новиот знаменосец на DS Automobiles, седанот DS9 кој ќе биде монтиран на погоните во Кина, а ќе се испорачува во Европа. Ист е слуајот и со Citroen C5.

Европјаните ќе ја предводат „кинеската револуција“

„Кина би можела да ја нокаутира европската автомобилска индустрија“, стои во извештајот кој го потпиша куќата специјализирана за анализа на автомобилската индустрија France Strategie. Кинеските производители Geely, Aiways и DFSK веќе се фокусирани на европскиот пазар, а засега околу 50.000 возила изработени во Кина се продадени во Европа и тоа на годишна основа. Прогнозата дека ќе дојде до десеткратен раст на таа цифра даде консултантската куќа IHS Markit, при што се наведува дека тоа најчесто ќе бидат електрични возила кои се нудат по атрактивна цена.

Кинезите

Секако, пред кинеските марки е долг патот со цел да ги убедат европските купувачи дека нивните производи се вредни за купување, така што тој бран на „освестување“ околу „Кинезите“ ќе го предводат токму Европјаните. Лидери на овој нов бран, меѓу другите, се и Volvo кој е во сопственост на Geely, потоа Citroën и Dacia, чиј електричен модел Spring ќе се произведува во Кина. Дел од оваа екипа е и Daimler. Удел во германскиот производител имаат Geely, кинескиот милијардер Ли Шуфу, но и самата држава Кина преку својата групација BAIC.

Од друга страна, Daimler има 50% удел во BYD, најголемиот производител на електрични возила на светот. Покрај ова, голем број комерцијални возила на германскиот производител се произведуваат токму во Кина, а ист е случајот и со Smart. BMW исто така е дел од оваа „кинеска пропаганда“ со својот електричен кросовер iX3 кој исто како и Spring, ќе се произведува во Кина, а ќе биде пласиран на европскиот пазар.

Европските производители ги привлекува тоа што во Кина трошоците за производство се пониски, но и близината на производителите на батерии, како и можноста за темелна понуда на модели од сопствената гама и тоа на купувачите на најголемиот светски пазар.

Поврзани вести

Back to top button