ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Кинезите купиле речиси 100.000 електромобили во мај!

За изминатиот месец на пазарот во Кина се реализирани речиси 95.000 plug-in и електрични автомобили

Но, мај 2018, за жал не е најуспешниот месец во овој поглед. Сепак, електричните достигнале рекорден пазарен удел во декември 2017, со 102.000 продадени електромобили. На годишна основа во мај растот на продажбата на електрични автомобили е 128%, а од почетокот на 2018 продажбата на овој сегмент возила во Кина се приближува до бројката 300.000.

Во САД за истиот период се продадени под 100.000 електрични автомобили. Американците се презадоволни од оствареното и напоменуваат дека само 7% од овие импресивни продажби се должат на електрични модели на странски компании.

Во Топ 5 на најпродаваните електрични и plug-in хибриди во Кина се локални модели: BAIC EC-Series, BYD Qin PHEV, SAIC Baojun Е100, Zhidou D2 EV и BAIC EX-Series.

електромобили

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close