ВОЗЕВМЕИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Клуб 3 Секунди: Спортската СУВ петорка на тест

Авто Плус на патеката на нашиот партнер Quattroruote, очи во очи со најмоќната петорка во спортскиот SUV сегмент, како дел од Клуб 3 Секунди

Тимот на Авто Плус неодамна имаше прилика да отпатува во Италија, поточно на патеката Ваирано, каде на покана на нашите партнери од Quattrorouote бевме дел од интернационалната екипа на специјализирани новинари кои учествуваа на традиционалниот Клуб 3 Секунди супер тест на дел од најмоќните SUV возила на планетата.

Club Tre Secondi 1 |
Club Tre Secondi 2 |
Club Tre Secondi 3 |
Club Tre Secondi 4 |
Club Tre Secondi 5 |
Club Tre Secondi 6 |

    22.100 cm3 / 2.970 KC / 683.486 €

    Вкупно 22.100 кубни сантиметри зафатнина, 2.970 коњски сили, сето тоа непропорционално распоредено во 5 високо перформансни SUV возила опремени со многу карбонски делови и желба за докажување.
    Досега времињата на забрзување во рамката од 3 секунди беа воглавно резервирани за автомобилите од спортскиот сегмент, а за да се разбие митот и покаже до каде напредувала технологијата во изминатава деценија, на веќе традиционалниот Club Tre Secondi настан, домаќините од Quattrorouote одлучија оваа година за прв пат наместо спортските автомобили, тестовите да се изведат со супер моќни и исклучително брзи SUV модели.

    Club Tre Secondi 1 Авто Плус екипата во акција |
    Club Tre Secondi 2 Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio |
    Club Tre Secondi 3 Jaguar F-Pace SVR |
    Club Tre Secondi 4 Porsche Cayenne Turbo |
    Club Tre Secondi 5 Jeep Grand Cherokee Trackhawk |
    Club Tre Secondi 6 Lamborghini Urus |

      Urus, Stelvio Quadrifoglio, Cayenne Turbo, Grand Cherokee Trackhawk, F-Pace SVR

      На настанот наречен „Club Tre Secоndi“ кој се одржа на патеката во Ваирано своите можности и атрибути ги покажаа Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio која настапи со 2,9 литарски V6 агрегат помогнат од два турбо полначи и 510 КС. Со сосема спротивен концепт од она што го нуди италијанскиот преставник ни доаѓа „Големиот Поглавица“ попознат како Jeep Grand Cherokee Trackhawk кој се држи до американскиот рецепт „no replacement for displacement“ и од 6.2 литарскиот V8 мотор со помош на механички компресор истискува максимани 710 КС. Првиот SUV на Lamborghini, моделот Urus пристигна како вистинска фурија со моќен 4 литарски V8 мотор кој поседува 2 турбо полначи што му овозможуваат моќност од 650 КС. Основоположникот на класата, Porsche Cayenne Turbo исто така поседува 4 литарски V8 мотор кој со помош на 2 турбо полначи, создава сила еднаква на 550 КС. Креацијата на Jaguar со ознака F-Pace SVR напаѓа со 5 литарски V8 агрегат кој како и Jeep Grand Cherokee Trackhawk поседува механички компресор што му помага да произведе вкупно 550 КС. Концептуално различни и секој со посебен карактер, но и со неколу допирни точки, погон на сите тркала, голема моќност и изразени спортски аспирации.

      Тркнете до првата ‘весникара’ купете го новиот број и прочитајте повеќе детали за постигнувањата на „корпулентните“ преставници и нашите импресии од супер тестот во новиот број на Авто Плус, дел од Машки Магазин.

       

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Може и ова да ви се допадне

      Close
      Back to top button
      Close