Викенд тарифа: Koenigsegg Jesko и Porsche 935 во трејлерот за Project Cars 3

Најновото продолжение на популарниот серијал на видео игри, Project Cars 3, добива неколку новини, како Koenigsegg Jesko и Porsche 935

Најновото издание на франшизата Project Cars ќе ви овозможи да купувате, поседувате, персонализирате, унапредувате и да го прилагодите вашето возило. Сето тоа во обид да ви помогне на вашиот пат да станете суперѕвезда на мотоспортот.

Настрана модификациите на возилата, во Project Cars 3 ќе имате огромен избор на автомобили. Некои од најинтересните се Koenigsegg Jesko и неодамна освежениот Porsche 935 тркачкиот автомобил. Тука се и Porsche 911 GT3 RS, Toyota Supra и уште 200 други автомобили, вклучително и дузина Ferrari автомобили и 27 Porsche модели.

Играта исто така ќе содржи и вистински тркачки патеки, а меѓу нив се Autodromo Nazionale di Monza, Circuit de Barcelona – Catalunya, Circuit de Monaco, Circuit de Jerez, Fuji International Speedway, Nurburgring, Silverstone и Laguna Seca.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close