fbpx

Koenigsegg направи две верзии на Agera „за збогување“!

Компанијата Koenigsegg ги произведе последните две копии од супер моделот Agera, кои ги добија имињата Thor и Väder

Автомобилите ја напуштија фабриката во шведскиот град Енгелхолм и се упатија кон Германија, каде викендов ќе бидат предадени на новите сопственици на специјална манифестација. Потоа, автомобилите одат во Гудвуд (Велика Британија), каде што ќе учествува годишниот Фестивал на брзините. Завршните примероци на Koenigsegg Agera се изградени врз основа на моделите RS и се опремени во сите опции кои производителот ги вгради бесплатно.

Покрај тоа, двата клиенти нема да плаќаат за развој и инсталација на дополнителните аеродинамични елементи од каросеријата. Овие две последни изданија на Koenigsegg Agera RS се опремени со 5.0-литарски Твин-турбо V8 мотор, кој кај стандардната верзија развива 1.176 КС и 1.280 Nm, а со додавање на опционален пакет, кој е вклучен во последните две единици, моќноста достигнува до 1.360 KС и 1.371 Nm вртежен момент.

Koenigsegg Agera е најбрзиот сериски автомобил. Моделот е произведен во вкупно 25 единици и неговиот наследник ќе биде претставен на салонот во Женева, во март следната година.

Поврзани вести

Back to top button