fbpx

Koenigsegg знае како да го победи Tesla Roadster

Шефот на шведскиот производител на хипер автмобили Koenigsegg објави дека има план како да постигне подобри динамички карактеристики од оние на втората генерација Tesla Roadster

Според планот, од Koenigsegg потребно е да го подобрат забрзувањето на својот автомобил и да бидат подобри од 1,9 секунди на Tesla Roadster. Инженерите на компанијата веќе откриле како можат да го сторат тоа. Швеѓаните ќе користат „специјална склопка” за трансмисија Koenigsegg Direct Drive (KDD).

Комбинацијата на технологијата на Koenigsegg со моторот на Freevalve ќе го достигне тоа.

Според инженерите на компанијата со зголемување на потрошувачката за 5%, моќноста на 5.0 литарскиот V8 аграгат со два турбополначи можела да биде зголемена за 608 КС и да достигне 1.968 коњски сили, а со помош на електричниот мотор да ја надмине границата од 2.000.

Фон Коенгег верува дека ова ќе биде доволно за да забрза до 400 km/h за 14 секунди. За споредба Koenigsegg Agera RS со 1.500 КС му требаат 20 секунди за да ја достигнат таа брзина. Во ноември шведскиот хипер автомобил постави нов рекорд, за забрзување до 447 km/h на автопат во Невада.

Поврзани вести

Back to top button