fbpx

Roadster Tesla со 10.000 Nm до „стотка“ за 1.9 секунди

Американскиот производител на електрични возила ја дефинира изведбата како „најбрзиот сериски автомобил на планетата со две врати“

Tesla официјално ја претстави новата генерација на моделот Roadster.

Tesla Roadster е опремен со три електрични мотори, двата се одговорни за погон на тркалата на задната оска и еден за напред. Вкупната моќност на моторите не е потврдена, но е познато дека тие се напојуваат од батерии со капацитет од 250 kWh, а максималниот вртежен момент е 10.000 Nm. Забрзувањето од 0 до 96 km/h (60 милји по американски стандардi) трае 1,9 секунди, а до 160 km/h – 4,2 секунди. Растојание од четирите километри моделот со две врати ќе помине за 8,8 секунди, a максималната брзина ќе надмине 400 km/h.

Според претставниците на Tesla, во урбаните услови електричниот модел може да има автономија и до 992 километри. Првите автомобили ќе бидат доставени до потрошувачите во 2020 година и засега нема цена. Сепак, од Motor1 Edition тврдат дека ќе почне со 200.000 долари, а „капар“ ќе е најмалку 50.000 долари. Компанијата ќе издаде 1.000 специјални Roadster изданија, кои ќе бидат наречени според основачот на серијата. Секој ќе чини 225.000 долари, со депозит од 100%.

Поврзани вести

Back to top button