fbpx

Кој има подобар возен парк, Рамбо или Терминатор?

Двата најпознати акциони јунаци од крајот на минатиот милениум, Рамбо и терминатор, имаат подеднаква страст кон скапоцените и ретки автомобили, па „ергелата“ на нивните лимени миленици се мери во милиони

И додека со децении пукаа од сите калибри, со песници ги решаваа сите дилеми и расправии, а беа мошне „танки“ на зборови, нема сомневање зад имињата на Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне, има вистинска збирка од акциони блокбастери кои одбележаа едно време. Но, за ова добро и наплатија, па нивното богатсво е непроценливо, а беа дел од многу политички збиднувања и разни кампањи.

Малкумина знаат дека овие „момчиња со 70 години“ имаат и една ако може така да се каже „болна страст“- двајцата сакаат скапи и ретки автомобили.

Бившиот Терминатор во својата колекција има неколку претставници на Hummer, Mercedes Unimog, па и вистинско воено возило, Oshkosh M-ATV. Од рафинираните спортски изданија тука се Bugatti Veyron, најпрестижна верзија, посебна едиција на Bentley, Mercedes so AMG-потпис, Porsche 911. Сталоне е поумерен, но не дека неговата збираке е помала или поневредна, тој поседува Mercedes G-Class, неколку Ferrari, Aston Martin, Bugatti Veyron, но и збирка на вредни олдтајмери.

Терминатор

Поврзани вести

Back to top button